Стар Завет

Нов Завет

Матеј 26:6-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. А кога Исус беше во Витанија, во куќата на лепрозниот Симон,

7. Му се приближи жена, со сад од алавастер со скапоцено миро, па го излеа врз Неговата глава, додека беше прилегнат до столот.

8. Штом учениците го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „За што е ова растурање?

9. Оти тоа миро можеше да биде продадено скапо, и сребрениците да им се дадат на сиромасите!”

10. Но Исус го разбра тоа и им рече: „Зошто и здодевате на жената? Таа Ми направи добро дело,

11. зашто сиромасите ги имате секогаш со себе, а Мене Ме немате секогаш;

12. зашто кога таа го излеа мирото врз Моето тело, го стори тоа за Моето погребение.

13. Вистина ви велам, каде и да биде проповедано Евангелието по целиот свет, ќе се раскажува и тоа што го направи таа, за нејзин спомен.

14. Тогаш еден од Дванаесетмината, кој се вика Јуда Искариотски отиде при првосвештениците и им рече:

15. ”Што ќе ми дадете, за да ви Го предадам?” А тие му предложија триесет сребреници.

16. И оттогаш бараше згоден случај за да Го предаде.

17. А во првиот ден на Бесквасните лебови, учениците пристапија при Исуса и Го прашаа: „Каде сакаш да Ти приготвиме да јадеш Пасха?”

18. Тој рече: „Отидете во градот при тој и тој човек и речете Му: Учителот вели: Моето време е близу; кај тебе ќе ја празнувам Пасхата со Своите ученици.”

19. И учениците направија како што им заповеда Исус, и ја приготвија Пасхата.

20. А кога се стемни, Тој прилегна со Дванаесетте ученици на трпезата.

21. И додека јадеа, им рече: „Вистина ви велам, дека еден од вас ќе Ме предаде.”

Прочитајте целосна глава Матеј 26