Стар Завет

Нов Завет

Матеј 22:30-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Зашто при воскресението ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку се како Божјите ангели на небото.

31. А за воскресението на мртвите, не сте ли читале што ви рече Бог, Кој вели:

32. ”Јас Сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов”? А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите!”

33. И кога народот го чу тоа, се восхитуваше на Неговата наука.

34. А кога фарисеите чуја дека ги замолкна садукеите, се собраа заедно,

35. и еден од нив, законик, Го праша, искушувајќи Го:

36. ”Учителе, која е големата заповед во Законот?”

37. А Тој му рече: „Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла!”

38. Тоа е најголемата и прва заповед;

39. а втората е како и оваа: „Љуби го твојот ближен како себеси!”

40. На тие две заповеди висат сиот Закон и Пророците.”

41. А кога фарисеите беа собрани, Исус ги праша:

Прочитајте целосна глава Матеј 22