Стар Завет

Нов Завет

Матеј 18:2-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. И повика дете при Себе, го постави среде нив

3. и рече: „Вистина ви велам, ако не се обрнете и станете како деца, нема да влезете во царството небесно.

4. И затоа, кој ќе се понизи себеси како ова дете, тој е поголемиот во царството небесно.

5. И кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима.

6. А кој наведува на грев едно од овие мали, кои веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси мелнички камен на вратот, и да потоне во морската длабочина.

7. Тешко му на светот од соблазни! Зашто неизбежно соблазните ќе дојдат, но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната!”

8. ”Ако твојата рака или твојата нога те соблазнува, отсечи ја и фрли ја од себе; подобро е за тебе да влезеш во животот фатен и хром, отколку имајќи две раце или две нозе да бидеш фрлен во вечниот оган.

9. И ако те соблазнува твоето око, извади го и фрли го од себе; подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку имајќи две очи да бидеш фрлен во пеколот огнен.”

10. ”Гледајте да не презрете едно од овие мали; зашто ви велам, дека нивните ангели во небесата, постојано Го гледаат лицето на Мојот Татко, Кој е во небесата.

11. Зашто Синот Човечки дојде да го спаси, она што е изгубено.

Прочитајте целосна глава Матеј 18