Стар Завет

Нов Завет

Матеј 16:26-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Зашто, каква полза ќе има човек ако го придобие целиот свет, а на својата душа и напакости? Или што ќе даде човек во замена за својата душа?

27. Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Татко, со Своите ангели, и тогаш ќе му даде награда на секого според неговите дела.

28. Вистина ви велам: дека меѓу оние, кои стојат тука, има некои, кои никако нема да ја вкусат смртта додека Го видат Синот Човечки да доаѓа во Своето царство.”

Прочитајте целосна глава Матеј 16