Стар Завет

Нов Завет

Матеј 14:27-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. А Исус веднаш им проговори и рече: „Бидете храбри! Јас Сум! Не бојте се.”

28. А Петар Му одговори и рече: „Господи, ако си Ти, нареди ми да дојдам при Тебе по водата.”

29. Тој пак рече: „Дојди!” И Петар слезе од коработ и одеше по водата да дојде при Исуса.

30. Но кога го виде силниот ветер, се исплаши, почна да тоне и извика, велејќи: „Господи, спаси ме!”

31. А Исус веднаш ја испружи раката, го фати и му рече: „Маловерен, зошто се посомнева?”

32. И кога влегоа во коработ, ветрот престана.

33. А оние, кои беа во коработ, дојдоа и Му се поклонија, велејќи: „Навистина Ти си Божји Син.”

34. И кога преминаа, дојдоа во Генисаретската земја.

35. И кога Го познаа луѓето од тоа место, испратија по целата онаа околија и Му ги донесоа сите кои беа болни,

36. и Го молеа да се допрат само до ресите на Неговата облека; и колку и да се допреа, сите се исцелуваа.

Прочитајте целосна глава Матеј 14