Стар Завет

Нов Завет

Марко 9:47-50 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

47. И ако и твоето око те соблазнува, извади го! Подобро е за тебе да влезеш во Божјото Царство со едно око, отколку да бидеш со двете очи фрлен во пеколот,

48. каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува.

49. Зашто секој ќе биде посолен со оган, и секоја жртва ќе се осоли со сол.

50. Солта е добра, но ако солта стане несолена, со што ќе ја поправите? Имајте сол во себе и имајте мир помеѓу себе.”

Прочитајте целосна глава Марко 9