Стар Завет

Нов Завет

Марко 7:6-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. А Тој им рече: „Добро пророкуваше Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‘Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене;

7. напразно Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби.’

8. Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото предание.

9. Вие добро ја укинувате - продолжи Тој - Божјата заповед, за да го држите вашето предание!”

10. Имено, Мојсеј рече: ‘Почитувај ги татка си и мајка си!’ и ‘Кој ќе го проколне татка си и мајка си, да биде казнет со смрт!’

11. А вие велите: ‘Ако некој рече на татка си или на мајка си: Она што можам да ти помогнам е ветено, односно жртвен дар,’

12. не го оставате веќе да направи што и да е за својот татко и за својата мајка.

13. И така го укинувате Божјото слово со своето предание, што вие го воспоставивте, и правите многу други работи слични на ова.”

14. Тогаш повторно го повика народот при Себе и му рече: „Слушајте ме сите и разберете!

15. Нема ништо, вон човекот, што би можело да го направи нечист кога ќе влезе во него; туку она што излегува од човекот, тоа го прави нечист.

Прочитајте целосна глава Марко 7