Стар Завет

Нов Завет

Марко 7:4-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. и кога ќе се вратат од пазар, не јадат, ако не се измијат. И има уште многу друго, што го примиле да го одржуваат: миење на чаши, врчви, бакарни садови и столови.

5. И така, фарисеите и книжниците Го прашаа; „Зошто Твоите ученици не живеат според преданијата на старите, туку јадат леб со неизмиени раце?”

6. А Тој им рече: „Добро пророкуваше Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‘Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене;

7. напразно Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби.’

8. Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото предание.

9. Вие добро ја укинувате - продолжи Тој - Божјата заповед, за да го држите вашето предание!”

10. Имено, Мојсеј рече: ‘Почитувај ги татка си и мајка си!’ и ‘Кој ќе го проколне татка си и мајка си, да биде казнет со смрт!’

11. А вие велите: ‘Ако некој рече на татка си или на мајка си: Она што можам да ти помогнам е ветено, односно жртвен дар,’

12. не го оставате веќе да направи што и да е за својот татко и за својата мајка.

13. И така го укинувате Божјото слово со своето предание, што вие го воспоставивте, и правите многу други работи слични на ова.”

14. Тогаш повторно го повика народот при Себе и му рече: „Слушајте ме сите и разберете!

15. Нема ништо, вон човекот, што би можело да го направи нечист кога ќе влезе во него; туку она што излегува од човекот, тоа го прави нечист.

16. Кој има уши, нека слуша!”

17. Веднаш, кога се оддалечи од народот, Тој влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа за смислата на параболата.

18. Тој им рече: „Така! Зар и вие не разбирате? Не сфаќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него,

19. зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?” Така ги прогласи сите јадења за чисти.

20. Исто така им велеше: „Она што излегува од човекот, тоа го прави нечист,

Прочитајте целосна глава Марко 7