Стар Завет

Нов Завет

Марко 7:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И се собраа околу Него фарисеите и некои од книжниците, кои беа дошле од Ерусалим,

2. и видоа дека некои од неговите ученици јадат леб со нечисти, односно неизмиени, раце.

3. Зашто фарисеите и сите Јудејци - држејќи се до преданијата на старите - не јадат, ако не ги измијат рацете до лактите;

4. и кога ќе се вратат од пазар, не јадат, ако не се измијат. И има уште многу друго, што го примиле да го одржуваат: миење на чаши, врчви, бакарни садови и столови.

5. И така, фарисеите и книжниците Го прашаа; „Зошто Твоите ученици не живеат според преданијата на старите, туку јадат леб со неизмиени раце?”

Прочитајте целосна глава Марко 7