Стар Завет

Нов Завет

Марко 4:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. А кога остана Сам, Го прашаа за параболата оние, кои беа околу Него со Дванаесетмината.

11. И им рече: „Вам ви е дадена тајната на Божјото Царство, а на оние кои се надвор, сè биднува во параболи,

12. за ‘гледајќи да гледаат и да не видат; и слушајќи да слушаат, а да не разбираат, за да не се покајат и да не им биде простено’.”

13. И им рече: „Не ја разбирате ли оваа приказна? А како ќе ги разберете сите параболи!

14. Сејачот сее слово.

15. Оние, покрај патот, каде се сее словото, се оние кај кои - кога ќе го чујат - веднаш доаѓа сатаната и го грабнува словото, посеано во нив.

16. Исто, посеани врз каменлива почва се оние, кои - штом го чујат словото - го примаат со радост,

17. но немаат во себе корен, туку се непостојани, и кога ќе дојде неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнуваат.

18. А другите, што се посеани во трње, тоа се оние, кои го чуле словото,

19. но светските грижи, и измамливоста на богатството, и желбите за други работи, кога ќе влезат го загушуваат словото, и останува без плод.

Прочитајте целосна глава Марко 4