Стар Завет

Нов Завет

Марко 16:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. А овие знаци ќе ги придружуваат оние, кои поверувале: во Мое име ќе истеруваат зли духови; ќе зборуваат нови јазици;

18. ќе фаќаат змии; ако испијат и нешто смртоносно - нема да им напакости. Ќе полагаат раце на болни и тие ќе оздравуваат.

19. А Господ Исус, откако им го рече тоа, се вознесе на небо и седна оддесно на Бога.

20. А тие излегоа и проповедаа насекаде; а Господ помагаше и го утврдуваа словото со знаци, кои го придружуваа. Амин!

Прочитајте целосна глава Марко 16