Стар Завет

Нов Завет

Марко 15:23-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. И Му даваа вино со смирна, но Тој не прими.

24. Потоа Го распнаа и ги разделија Неговите облеки, фрлајќи жрепка за нив - кој што да земе.

25. А беше третиот час, кога Го распнаа.

26. И беше напишан натпис, што ја означуваше Неговата вина: „Јудејски Цар.”

27. И со Него распнаа двајца разбојници; едниот оддесно, а едниот одлево, до Него.

28. И се исполни Писмото кое вели: „И Го вброија меѓу злосторници.”

29. А минувачите Го хулеа, вртејќи со своите глави и велејќи: „Уа! Ти што го уриваш Храмот и го соѕидуваш за три дни,

Прочитајте целосна глава Марко 15