Стар Завет

Нов Завет

Марко 15:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И веднаш наутро, првосвештениците, со старешините и книжниците и целиот Синедрион, Го врзаа Исуса, Го одведоа и му Го предадоа на Пилата.

2. И Пилат Го праша: „Ти ли си Јудејскиот Цар?”А Тој му одговори и рече: „Ти велиш!”

3. Првосвештениците Го обвинуваа многу. Но Тој не одговори ништо.

4. А Пилат пак Го праша: „Ништо ли не одговараш? Гледај, колку Те оптужуваат!”

5. Но Исус веќе ништо не одговори, така што Пилат се чудеше.

Прочитајте целосна глава Марко 15