Стар Завет

Нов Завет

Марко 14:69-72 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

69. А слугинката го виде и почна пак да им зборува на оние, кои стоеја таму: „И овој е од нив!”

70. А тој пак одрече. Подоцна, оние, кои стоеја таму, пак му рекоа на Петра: „Навистина си од нив, зашто и ти си Галилеец а и говорот се сложува.”

71. А тој почна да се колне и да се заколнува: „Не Го познавам човекот за Кого зборувате.”

72. И веднаш петелот запеа по вторпат. А Петар се сети на зборовите, што му ги рече Исус: „Пред петелот да запее двапати, трипати ќе се одречеш од Мене.” И почна да плаче.

Прочитајте целосна глава Марко 14