Стар Завет

Нов Завет

Марко 14:59-62 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

59. Но ни така нивното сведоштво не беше еднакво.

60. Тогаш првосвештеникот стана на средина и Го праша Исуса, велејќи: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?”

61. А Тој молчеше и ништо не одговори. Првосвештеникот Го праша пак: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?”

62. А Исус рече: „Јас Сум. И вие ќе Го видите Човечкиот Син, како седи оддесно на Силата и како иде со небесните облаци.”

Прочитајте целосна глава Марко 14