Стар Завет

Нов Завет

Марко 11:28-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. и Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и Кој Ти ја даде таа власт да го правиш тоа?”

29. А Исус им рече: „Ќе ве прашам еден збор и одговорете Ми, и ќе ви кажам со каква власт го правам ова.

30. Јовановото крштавање од небото ли беше или од луѓето? Одговорете Ми!”

31. А тие размислуваа меѓу себе: „ Ако кажеме од небото, ќе ни рече: ‘Зошто тогаш не му поверувавте?’

32. Но, ако речеме од луѓето?’ Се боеја од народот, зашто сите сметаа дека Јован беше навистина пророк.

33. Му одговорија на Исуса и рекоа: „Не знаеме!” А Исус им рече: „Ни Јас не ви кажувам, со каква власт го правам ова.”

Прочитајте целосна глава Марко 11