Стар Завет

Нов Завет

Марко 10:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И стана оттаму и дојде во пределите на Јудеја, од онаа страна на Јордан; и пак народот Му се придружи, а Тој ги поучуваше, според Својот обичај.

2. И Му пристапија фарисеите и Го прашаа, за да Го искушуваат: „Дозволено ли му е на мажот, да ја остави жената?”

3. А Тој им одговори и рече: „Што ви заповеда Мојсеј?”

4. Тие рекоа: „Мојсеј дозволи да и се напише разводно писмо и да се остави.”

5. Но Исус им рече: „Заради вашето кораво срце - тој ви ја напиша таа заповед.

Прочитајте целосна глава Марко 10