Стар Завет

Нов Завет

Лука 6:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. А книжниците и фарисеите Го набљудуваа - дали ќе лекува во сабота - за да можат да Го обвинат.

8. А Тој ги знаеше нивните мисли и му рече на човекот со исушената рака: „Стани и исправи се на средина!” И стана и се исправи.

9. А Исус им рече: „Ве прашувам вас: што е дозволено да се прави во сабота: добро или зло? Да се спаси живот или да се погуби?”

10. И ги изгледа сите наоколу и му рече: „Протегни ја раката!” А тој направи така, и раката му стана здрава како другата.

Прочитајте целосна глава Лука 6