Стар Завет

Нов Завет

Лука 6:44-47 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

44. Зашто секое дрво се познава по својот род. Не се берат смокви од трње, ниту грозје од капина.

45. Добриот човек, од доброто сокровиште на своето срце, изнесува добро; а лошиот човек, од лошото сокровиште изнесува зло, зашто неговата уста зборува од она, што го преполнува неговото срце.

46. И зошто Ме нарекувате: ‘Господи! Господи!’ а не го правите она, што го велам?”

47. Секој кој доаѓа при Мене и ги слуша Моите зборови, и ги исполнува, ќе ви кажам кому му е сличен.

Прочитајте целосна глава Лука 6