Стар Завет

Нов Завет

Лука 23:42-56 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

42. И рече: „Исусе, спомни си за мене, кога ќе дојдеш во Твоето Царство!”

43. А Тој му рече: „Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.”

44. А беше веќе околу шестиот час, кога настана темнина по целата земја до деветтиот час,

45. при што сонцето ја изгуби својата светлина, а завесата во Храмот се расцепи на средина.

46. Тогаш Исус извика со силен глас: „Татко, Го предавам Својот дух во Твои раце.” И кога го рече - издивна.

47. А кога стотникот виде што се случи, почна да Го слави Бога, велејќи: „Навистина, Овој човек беше праведен!”

48. И сиот народ, што се беше собрал да го гледа ова, кога виде што стана, се враќаше дома, удирајќи се по градите.

49. А сите Негови познати стоеја подалеку, и жените, кои дошле по Него од Галилеја - го гледаа тоа.

50. И ете, некој човек по име Јосиф, кој беше советник, добар и праведен човек,

51. тој не се согласи со нивната одлука и со нивното дело - од јудејскиот град Ариматеја - кој го очекуваше Божјото Царство,

52. отиде при Пилата и го побара Исусовото тело.

53. И кога го симна, го обви во ленено платно и го положи во гроб, исечен во камен - во кој уште никој не беше положен.

54. А беше ден на подготовката, и саботата настапуваше.

55. По него одеа и жените, кои беа дошле со Исуса од Галилеја, и го видоа гробот и како беше положено Неговото тело.

56. Потоа се вратија и приготвија мириси и миро; а во саботата, почиваа, според заповедта.

Прочитајте целосна глава Лука 23