Стар Завет

Нов Завет

Лука 21:25-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. И ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите; а на земјата народите ќе бидат опфатени од страв и збунетост од бучењето и од морските бранови;

26. луѓето ќе примираат од страв, од исчекувањето на она, што ќе го најде светот, зашто небесните сили ќе се затресат.

27. И тогаш ќе Го видат Човечкиот Син како доаѓа на облак со голема сила и слава.

28. А кога ќе почне да се случува тоа, исправете се и подигнете ги главите, зашто се приближи вашето избавување.”

29. Потоа им кажа парабола: „Погледајте ги смоквата и сите дрвја;

Прочитајте целосна глава Лука 21