Стар Завет

Нов Завет

Лука 18:30-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. а кој не ќе прими многу повеќе во ова време, а во идниот век - вечен живот.”

31. И кога ги зеде со Себе Дванаесетте им рече: „Еве, одиме горе во Ерусалим; и ќе се исполни сè што пишувале пророците за Човечкиот Син,

32. зашто ќе биде предаден на многубошците, и ќе Му се потсмеваат, и ќе биде измачуван и плукан;

33. и кога ќе Го бичуваат, ќе Го убијат, но ќе воскресне на третиот ден.”

34. Но тие не разбраа ништо од тоа, зашто тој збор беше сокриен од нив и не разбраа, што им беше речено.

Прочитајте целосна глава Лука 18