Стар Завет

Нов Завет

Лука 16:7-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Потоа му рече на другиот: ‘А ти, колку должиш?’ Тој рече: ‘Сто мери пченица.’ Му рече: ‘Земи си ја признаницата и напиши - осумдесет!’

8. И господарот го пофали неправедниот настојник, зашто постапи мудро; зашто синовите на овој свет, според својот род, се помудри од синовите на светлината.

9. И Јас ви велам: спечалете си пријатели со неправедно богатство, за да ве примат во вечни живеалишта, кога ќе приврши.

10. Кој е верен во најмалото - верен е и во многу; а несправедливиот во најмалото, несправедлив е и во многу.

11. И така, ако не бевте верни во несправедливото богатство, кој ќе ви го довери вистинското?

12. И ако не бевте верни во туѓото, кој ќе ви го даде она што е ваше?

13. Ниеден слуга не може да им служи на два господара; зашто, или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе се приврзе кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да Му служите на Бога и на мамона!”

14. А сето тоа го слушаа фарисеите, кои беа среброљупци и Му се потсмеваа.

15. И им рече: „Вие се претставувате за праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто она што меѓу луѓето се смета за високо, пред Бога е гнасно.”

16. ”Законот и Пророците беа до Јована. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство, и секој насила влегува во него.

17. Полесно е небото и земјата да поминат, отколку да пропадне една цртичка од Законот.

18. Секој кој ја остава својата жена и се жени со друга, прави прељуба; и кој се жени со оставена - прељубодејствува.”

19. ”А беше еден богат човек, кој се облекуваше во црвено сукно и во ленено платно и се веселеше сјајно секој ден.

20. А еден сиромав, по име Лазар, целиот со чирови, лежеше пред неговата врата

Прочитајте целосна глава Лука 16