Стар Завет

Нов Завет

Лука 13:19-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Слично е на синапово зрно, што човек го зема и го посејува во својата градина, каде израснува и станува големо дрво и небесните птици се населија на неговите гранки.”

20. И пак рече: „Со што да го споредам Божјото Царство?

21. Тоа е слично на квасот, што го зема жена и го замесува во три мери брашно, додека скисне сето.”

22. И патувајќи кон Ерусалим, минуваше низ градови и села и поучуваше.

23. А некој му рече: „Господи, малку ли се оние, кои се спасуваат?” Тој пак им рече:

24. ”Борете се да влезете низ тесната врата, зашто ви велам: мнозина ќе настојуваат да влезат, но не ќе можат.

25. Кога домаќинот ќе стане и ќе ја затвори вратата, а ако вие останете надвор и почнете да чукате на вратата и да говорите: „Господи, отвори ни!” Тој ќе ви одговори: „Не знам од каде сте!”

26. Тогаш ќе почнете да зборувате: „Јадевме и пиевме пред Тебе; а Ти поучуваше по нашите улици.”

27. А Тој ќе ви рече: „Ви велам, не знам од каде сте? Отстапете од Мене сите, кои вршите неправда!”

28. Таму ќе биде плач и чкртање со заби, кога ќе ги видите Авраама, Исака и Јакова и сите пророци во Божјото Царство, а себеси - истерани надвор.

29. И ќе дојдат од исток и запад, од север и југ, и ќе седнат во Божјото Царство.

30. И ете, има последни, кои ќе бидат први; и има први, кои ќе бидат последни.”

31. И во истиот час пристапија некои фарисеи и Му рекоа: „Излези и оди си оттука, зашто Ирод сака да Те убие!”

32. И им рече: „Одете и кажете и на таа лисица: „Еве изгонувам зли духови и исцелувам денес и утре; и на третиот ден ќе завршам.

33. Но денес, утре и задутре, треба да патувам, зашто не бива пророк да загине надвор од Ерусалим.”

34. ”Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги погубуваш оние, кои се испратени при тебе; колку пати сакав да ги соберам твоите деца, како квачката своите пилиња под крилја, но не сакавте!

35. Ете, ви се остава пуст вашиот дом. И ви велам: нема да Ме видите додека не дојде време да кажете: „Благословен е Оној Кој доаѓа во Господово име!”

Прочитајте целосна глава Лука 13