поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24

Стар Завет

Нов Завет

Лука 13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во исто време дојдоа некои и Го известија за Галилејците, чија крв Пилат ја измеша со нивните жртви.

2. Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така?

3. Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така.

4. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим?

5. Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.”

6. Ја кажа и оваа парабола: „Некој имаше посадено смоква во своето лозје; и дојде да побара плод на неа, но не најде.

7. Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто уште да ја испостува земјата?”

8. Но тој му одговори и рече: „Господаре, остави ја уште оваа година, додека раскопам околу неа и ја наѓубрам;

9. па можеби ќе роди, ако пак не роди, ќе ја пресечеш во иднина.”

10. А кога поучуваше во сабота, во една синагога,

11. ете, таму беше една жена, која осумнаесет години имаше дух, предизвикувач на болеста; и беше згрчена и не можеше да се исправи.

12. Штом Исус ја виде, ја повика и и рече: „Жено, ослободена си од својата болест.”

13. И ги стави рацете врз неа, а таа се исправи веднаш и Го славеше Бога.

14. А настојникот на синагогата негодуваше, дека Исус исцели во сабота и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи! Во тие дни доаѓајте и лекувајте се! А не во саботен ден!”

15. Но Господ во одговор му рече: „Лицемери! Не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?

16. А оваа Авраамова ќерка, која сатаната ја врзал веќе осумнаесет години; не требаше ли да биде одврзана од оваа врска во саботен ден?”

17. А кога го рече тоа, се засрамија сите Негови противници; а целиот народ им се радуваше на сите славни дела, што ги изврши.

18. Потоа рече: „На што е слично Божјото Царство и со што да го споредам?

19. Слично е на синапово зрно, што човек го зема и го посејува во својата градина, каде израснува и станува големо дрво и небесните птици се населија на неговите гранки.”

20. И пак рече: „Со што да го споредам Божјото Царство?

21. Тоа е слично на квасот, што го зема жена и го замесува во три мери брашно, додека скисне сето.”

22. И патувајќи кон Ерусалим, минуваше низ градови и села и поучуваше.

23. А некој му рече: „Господи, малку ли се оние, кои се спасуваат?” Тој пак им рече:

24. ”Борете се да влезете низ тесната врата, зашто ви велам: мнозина ќе настојуваат да влезат, но не ќе можат.

25. Кога домаќинот ќе стане и ќе ја затвори вратата, а ако вие останете надвор и почнете да чукате на вратата и да говорите: „Господи, отвори ни!” Тој ќе ви одговори: „Не знам од каде сте!”

26. Тогаш ќе почнете да зборувате: „Јадевме и пиевме пред Тебе; а Ти поучуваше по нашите улици.”

27. А Тој ќе ви рече: „Ви велам, не знам од каде сте? Отстапете од Мене сите, кои вршите неправда!”

28. Таму ќе биде плач и чкртање со заби, кога ќе ги видите Авраама, Исака и Јакова и сите пророци во Божјото Царство, а себеси - истерани надвор.

29. И ќе дојдат од исток и запад, од север и југ, и ќе седнат во Божјото Царство.

30. И ете, има последни, кои ќе бидат први; и има први, кои ќе бидат последни.”

31. И во истиот час пристапија некои фарисеи и Му рекоа: „Излези и оди си оттука, зашто Ирод сака да Те убие!”

32. И им рече: „Одете и кажете и на таа лисица: „Еве изгонувам зли духови и исцелувам денес и утре; и на третиот ден ќе завршам.

33. Но денес, утре и задутре, треба да патувам, зашто не бива пророк да загине надвор од Ерусалим.”

34. ”Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги погубуваш оние, кои се испратени при тебе; колку пати сакав да ги соберам твоите деца, како квачката своите пилиња под крилја, но не сакавте!

35. Ете, ви се остава пуст вашиот дом. И ви велам: нема да Ме видите додека не дојде време да кажете: „Благословен е Оној Кој доаѓа во Господово име!”