Стар Завет

Нов Завет

Лука 13:18-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Потоа рече: „На што е слично Божјото Царство и со што да го споредам?

19. Слично е на синапово зрно, што човек го зема и го посејува во својата градина, каде израснува и станува големо дрво и небесните птици се населија на неговите гранки.”

20. И пак рече: „Со што да го споредам Божјото Царство?

21. Тоа е слично на квасот, што го зема жена и го замесува во три мери брашно, додека скисне сето.”

22. И патувајќи кон Ерусалим, минуваше низ градови и села и поучуваше.

Прочитајте целосна глава Лука 13