Стар Завет

Нов Завет

Колошаните 3:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Но сега, отфрлете го и вие сè ова: гневот, јароста, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста.

9. Не лажете се еден друг, зашто го соблековте стариот човек со неговите дела

10. и облековте нов, кој се обновува во полно познавање по образот на Оној, Кој го создал,

11. каде нема веќе Грк ни Јудеец, обрезание и необрезание, варварин, Скит, роб, слободен, туку Христос е сè и во сè.

12. И така, облечете се како Божји избраници, свети и возљубени, во милосрдно срце, благост, смиреност, кротост трпеливост!

Прочитајте целосна глава Колошаните 3