Стар Завет

Нов Завет

Јуда 1:17-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. А вие, возљубени, спомнете си ги зборовите кажани порано од апостолите на нашиот Господ Исус Христос;

18. зашто ви кажаа: „Во последно време ќе се јават потсмевнувачи, кои ќе живеат според своите безбожни страсти.”

19. Тоа се оние што се одделуваат, телесни расположени луѓе - кои немаат Дух.

20. А вие, возљубени, изградувајте се себеси врз вашата пресвета вера, и молете се во Светиот Дух,

21. одржете се себеси во Божјата љубов, ревносно очекувајќи ја милоста на нашиот Господ Исус Христос за вечен живот.

22. И кон едните, кои се сомневаат, бидете милостиви;

23. а другите спасувајте ги, истргнувајќи ги од оган; кон другите пак бидете милостиви со страв, мразејќи ја и облеката онечистена од телото.

24. А на Оној, Кој може да ве запази од сопнување и да ве постави непорочни во радосно воскликнување пред Својата слава,

25. на Единствениот Бог, нашиот Спасител преку Исуса Христа нашиот Господ - слава, величие, сила и власт пред секое време и сега и во сите векови. Амин!

Прочитајте целосна глава Јуда 1