Стар Завет

Нов Завет

Јован 2:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. А кога старосватот вкуси од водата претворена во вино - а не знаеше од каде е, но знаеја слугите, кои црпеа од водата - го повика младоженецот

10. и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат - слабото. Ти си го чувал доброто вино досега.”

11. Ова го направи Исус во Кана Галилејска како почеток на чудесата и ја објави Својата слава; и Неговите ученици поверуваа во Него.

12. Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, и Неговите браќа, и Неговите ученици, и останаа таму неколку дена.

13. И беше близу јудејската Пасха и Исус се искачи во Ерусалим.

14. И ги најде во Храмот продавачите на волови, овци и гулаби и менувачите на сребреници - како седат таму.

15. Направи бич од јажиња и ги истера сите од Храмот, заедно со овците и воловите. На среброменувачите им ги истури сребрениците и им ги преврте масите.

16. А на оние, кои продаваа гулаби им рече: „Однесете го тоа оттука! Не правете трговска куќа од Домот на Мојот Татко!”

17. Неговите ученици се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот Дом Ме изеде.”

18. Тогаш Јудејците Го прашаа: „Со каков знак ни го докажуваш тоа што го правиш?”

Прочитајте целосна глава Јован 2