Стар Завет

Нов Завет

Јован 2:13-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. И беше близу јудејската Пасха и Исус се искачи во Ерусалим.

14. И ги најде во Храмот продавачите на волови, овци и гулаби и менувачите на сребреници - како седат таму.

15. Направи бич од јажиња и ги истера сите од Храмот, заедно со овците и воловите. На среброменувачите им ги истури сребрениците и им ги преврте масите.

16. А на оние, кои продаваа гулаби им рече: „Однесете го тоа оттука! Не правете трговска куќа од Домот на Мојот Татко!”

17. Неговите ученици се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот Дом Ме изеде.”

18. Тогаш Јудејците Го прашаа: „Со каков знак ни го докажуваш тоа што го правиш?”

19. А Исус им одговори и рече: „Разурнете го овој Храм, и ќе го подигнам за три дни!”

20. Тогаш Јудејците рекоа: „Храмов е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?”

21. Но Тој зборуваше за Храмот на Своето тело.

22. Кога воскресна, пак, од мртвите, Неговите ученици се сетија дека го рече тоа; па им поверуваа на Писмото и на зборот, што Исус им го рече.

23. А кога беше во Ерусалим, на празникот Пасха, мнозина поверуваа во Неговото име, гледајќи ги знаците, што ги правеше.

24. Но Самиот Исус не им се доверуваше, зашто ги познаваше сите,

Прочитајте целосна глава Јован 2