Стар Завет

Нов Завет

Јован 19:32-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Затоа војниците дојдоа и им ги скршија нозете на првиот и на вториот, кои беа распнати со Него;

33. и кога дојдоа до Исуса и видоа дека е веќе умрен, не Му ги скршија нозете,

34. туку еден од војниците го прободе со копје меѓу ребрата, и веднаш потече крв и вода.

35. И очевидецот посведочи, и неговото сведоштво е веродостојно, и тој знае дека зборува вистина - за да верувате и вие.

36. Имено, сè ова се случи, за да се исполни Писмото: „Неговата коска нема да се скрши.”

Прочитајте целосна глава Јован 19