Стар Завет

Нов Завет

Јован 16:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Ова ви го кажав, за да не се соблазните.

2. Ќе ве истеруваат од синагогите; а ќе дојде час, кога секој, што ќе ве убие, ќе мисли дека Му служи на Бога.

3. А тоа ќе го прават затоа што не Го запознаа Мојот Татко, ниту Мене.

4. А Јас ви го кажав ова, за да се сетите, кога ќе дојде времето, дека ви го реков тоа. Ова не ви го реков од почеток, зашто бев со вас.”

5. ”А сега одам при Оној, Кој Ме пратил, и никој од вас не Ме праша: ‘Каде одиш?’

Прочитајте целосна глава Јован 16