Стар Завет

Нов Завет

Јован 12:37-45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

37. Иако направи толку чуда пред нив, не веруваа во Него,

38. за да се исполни словото, што го рече пророкот Исаија: „Господи, кој и поверува на нашата проповед? И кому му се откри Господовата рака?”

39. Затоа не можеа да веруваат, зашто Исаија уште рече: „

40. Им ги заслепи очите, и им ги скамени срцата; за да не гледаат со очите, за да не разбираат со срцето; и за да не се обратат - и да не ги излечам.”

41. Исаија го рече тоа, зашто ја виде Неговата слава и зборуваше за Него.

42. Сепак, мнозина од првенците поверуваа во Него, но заради фарисеите не исповедуваа јавно, за да не бидат исфрлени од синагогата;

43. зашто повеќе ја сакаа човечката слава, отколку Божјата слава.

44. А Исус извика и рече: „Кој верува во Мене, не верува во Мене, туку во Оној, Кој Ме пратил.

45. И кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној, Кој Ме прати.

Прочитајте целосна глава Јован 12