Стар Завет

Нов Завет

Јован 10:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Јас Сум Добриот Пастир: и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене.

15. Како што Татко Ми Ме познава Мене, и Јас Го познавам Мојот Татко; и Јас го давам Мојот живот за овците.

16. И други овци имам, што не се од овој овчарник; и нив треба да ги доведам, па ќе го слушаат Мојот глас и ќе биде едно стадо и еден Пастир.

17. Таткото Ме љуби затоа, што Јас го давам Својот живот, за да го земам пак.

Прочитајте целосна глава Јован 10