Стар Завет

Нов Завет

Јован 10:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. ”Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците.

12. Наемникот, кој не е овчар, кому овците не му припаѓаат, го гледа волкот како доаѓа, ги остава овците и бега; а волкот ги разграбува и ги распрснува;

13. зашто е наемник и не се грижи за овците.

14. Јас Сум Добриот Пастир: и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене.

15. Како што Татко Ми Ме познава Мене, и Јас Го познавам Мојот Татко; и Јас го давам Мојот живот за овците.

Прочитајте целосна глава Јован 10