3. Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него.
4. Во Него беше живот и животот им беше светлина на луѓето.
5. И светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати.
6. Се јави човек, испратен од Бога, по име Јован.
7. Тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.