Стар Завет

Нов Завет

Јован 1:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.

2. Тоа беше во почетокот во Бога.

3. Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него.

4. Во Него беше живот и животот им беше светлина на луѓето.

5. И светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати.

6. Се јави човек, испратен од Бога, по име Јован.

7. Тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.

8. Тој не беше светлина, туку да сведочи за Светлината.

Прочитајте целосна глава Јован 1