Стар Завет

Нов Завет

Јаков 5:14-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Боледува ли некој меѓу вас, нека ги повика старешините на црквата, и тие нека се помолат над него, и нека го помажат со масло во името на Господа,

15. и молитвата на вера, ќе го спаси болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени.

16. И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.

17. Илија беше човек по природа ист како и ние, и се помоли со молитва да нема дожд и не падна дожд на земјата три години и шест месеци.

18. И пак се помоли, па небото даде дожд, и земјата го произведе својот плод.

19. Браќа мои, ако некој се отклони од вистината, и некој го го поврати,

20. нека знае дека оној, кој ќе го врати грешникот од неговиот заблуден пат, ќе ја спаси неговата душа од смрт и ќе покрие мноштво на гревови.

Прочитајте целосна глава Јаков 5