Стар Завет

Нов Завет

Галатите 5:13-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Зашто вие, браќа, повикани сте кон слобода; само слободата да не ви биде повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.

14. Зашто целиот Закон е исполнет во еден збор - во: „Љуби го својот ближен како самиот себе!”

15. Ако пак се гризете и јадете еден со друг, пазете да не се истребите еден со друг.

16. А велам: одете во Духот и нема да ги исполнувате страстите на телото,

17. зашто телото копнее против Духот, а Духот против телото; зашто тие се противат еден на друг, за да не го правите она, што сакате.

18. Но, ако Духот ве води не сте под Законот.

19. А делата на телото се познати; тоа се: блудство, нечистота, бесрамност,

20. идолопоклонство, вражање, непријателства, препирка, ревнување, гнев, себичност, раздори, кривоверства;

21. зависти, убиства, пијанства, срамни гозби, и слични на овие, за кои ви зборувам однапред, како што ви реков и порано: дека оние, кои прават такви работи, нема да го наследат Божјото Царство.

22. А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата;

Прочитајте целосна глава Галатите 5