Стар Завет

Нов Завет

Галатите 2:8-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. зашто Оној, Кој го оспособи Петра за апостолство меѓу обрезаните, ме оспособи и мене за паганските народи -

9. и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото; за да одиме ние до паганските народи, а тие до обрезаните;

10. само да си спомнуваме за бедните, за истото, што и ревнував да го правам.

11. А кога Кифа дојде во Антиохија, му се спротивставив во лице, зашто требаше да биде осуден.

12. Имено, пред да дојдат некои од Јакова, тој јадеше со многубошците, но кога дојдоа овие, тој се повлече и се отстрани, заради страв од обрезаните.

13. И дволичеа со него и другите Јудејци, така што нивното лицемерство го заведе и Варнава.

14. Кога видов дека не одат право според вистината на Евангелието, му реков на Кифа пред сите: „Ако ти, кој си Јудеец, живееш како народите; а не јудејски, како можеш да ги принудуваш народите да живеат јудејски.

15. Ние сме по раѓање Јудејци, а не грешници од народите.

16. Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исуса Христа, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот ; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек.

17. Па ако и ние самите, сакајќи да се оправдаме во Христа, се најдовме грешници, дали е тогаш Христос служител на гревот? Далеку од тоа!

18. Зашто, ако повторно го ѕидам она што сум го разурнал, се покажувам како престапник:

19. зашто јас умрев преку Законот за Законот, за да живеам за Бога.

20. Со Христа сум распнат на крстот; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене: а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и Се предаде Себеси за мене.

21. Не ја поништувам Божјата благодат, зашто ако правдата доаѓа преку Законот, тогаш Христос умрел напразно.

Прочитајте целосна глава Галатите 2