Стар Завет

Нов Завет

Галатите 2:15-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Ние сме по раѓање Јудејци, а не грешници од народите.

16. Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исуса Христа, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот ; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек.

17. Па ако и ние самите, сакајќи да се оправдаме во Христа, се најдовме грешници, дали е тогаш Христос служител на гревот? Далеку од тоа!

18. Зашто, ако повторно го ѕидам она што сум го разурнал, се покажувам како престапник:

19. зашто јас умрев преку Законот за Законот, за да живеам за Бога.

20. Со Христа сум распнат на крстот; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене: а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и Се предаде Себеси за мене.

21. Не ја поништувам Божјата благодат, зашто ако правдата доаѓа преку Законот, тогаш Христос умрел напразно.

Прочитајте целосна глава Галатите 2