Стар Завет

Нов Завет

Галатите 1:18-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. А на три години потоа отидов горе во Ерусалим, за да го видам Петар, и останав при него петнаесет дена.

19. А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов.

20. А пак што ви пишувам, еве пред Бога велам дека не лажам.

21. Потоа дојдов во краиштата на Сирија и Киликија.

22. А на црквите во Јудеја кои се во Христа, лично им бев уште непознат,

23. тие беа само слушале: „Оној, кој некогаш нè гонеше, сега ја проповеда верата, која некогаш ја разурнуваше.”

24. И го славеа Бога во мене.

Прочитајте целосна глава Галатите 1