Стар Завет

Нов Завет

Филипќаните 2:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. зашто копнееше по сите вас и беше нажален зашто сте чуле дека бил болен.

27. Навистина беше болен близу до смртта, но Бог му се смилува, и не само нему, туку и мене, за да не ми дојде жал врз жал.

28. Затоа го испратив поскоро, да се зарадувате пак кога ќе го видите, и јас да бидам помалку нажален.

29. И така, примете го во Господа со секаква радост и почитувајте ги таквите,

30. зашто заради Христовото дело се најде близу до смртта, излагајќи го својот живот на опасност, за да го надомести, тоа што вие не можевте да ми услужите.

Прочитајте целосна глава Филипќаните 2