Стар Завет

Нов Завет

Филипќаните 2:17-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Но, ако се и излевам како налевница врз жртвата и службата на вашата вера, се радувам и се радувам со сите вас.

18. А исто така радувајте се и вие и радувајте се со мене.

19. Се надевам во Господа Исуса дека ќе ви го испратам скоро Тимотеј, та и јас да се утешам кога ќе научам како сте вие.

20. Зашто немам никого, кој е со иста душа како него, кој толку искрено ќе се грижи за вас,

21. зашто сите други го бараат своето, а не она што е на Христа Исуса.

22. Вие ја знаете неговата докажана верност, дека - како дете на таткото - со мене служеше во ширењето на Евангелието.

23. Така, се надевам дека ќе го испратам него, веднаш штом ќе разберам што ќе стане со мене.

24. А се надевам во Господа дека и јас самиот скоро ќе дојдам.

25. Сметав пак за потребно да ви го испратам Епафродит, својот брат и соработник и соборец - а ваш пратеник, кој и служи на мојата потреба;

26. зашто копнееше по сите вас и беше нажален зашто сте чуле дека бил болен.

27. Навистина беше болен близу до смртта, но Бог му се смилува, и не само нему, туку и мене, за да не ми дојде жал врз жал.

28. Затоа го испратив поскоро, да се зарадувате пак кога ќе го видите, и јас да бидам помалку нажален.

29. И така, примете го во Господа со секаква радост и почитувајте ги таквите,

Прочитајте целосна глава Филипќаните 2