Стар Завет

Нов Завет

Евреите 8:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во ова што е кажано главно е: имаме таков Првосвештеник, Кој седна оддесно на престолот на Величеството во небесата

2. како служител на Светилиштето и на вистинскиот Шатор, што го подигна Господ, а не човек.

3. Зашто секој првосвештеник се поставува за да принесува и дарови и жртви, затоа е потребно и тој да има што да принесе.

4. Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто тука има такви, кои ги принесуваат даровите според Законот;

Прочитајте целосна глава Евреите 8