20. Доколку не бива без заклетва, имено другите станаа свештеници без заклетва;
21. а Тој со заклетва преку Оној, Кој Му рече: „Господ се заколна и нема да се покае: Ти си свештеник довека”,
22. дотолку и Исус стана залог на подобар завет.
23. И тие во голем број станаа свештеници зашто смртта ги спречуваше да продолжат,
24. а Тој пак има свештенство, што не може да мине на друг, зашто останува довека.
25. Затоа и може наполно да ги спасува оние, кои преку Него доаѓаат при Бога, зашто секогаш живее, за да посредува за нив.
26. Зашто таков Првосвештеник ни требаше и нам: свет, невин, непорочен, одвоен од грешниците и повозвишен од небесата,
27. Кој нема секојдневна потреба како првосвештениците, да принесува жртва прво за своите гревови, а потоа за гревовите на народот, зашто тоа го направи еднаш за секогаш принесувајќи се Самиот Себе.
28. Зашто, Законот поставува слаби луѓе за големи свештеници, а зборот на заклетвата - дадена после Законот, Синот, Кој е усовршен довека.