Стар Завет

Нов Завет

Евреите 2:8-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. сè си потчинил под неговите нозе.”А кога му покори сè, ништо не му остави непокорено. Но сега уште не гледаме дека му е покорено сè.

9. Но Го гледаме Исуса „Кој беше направен само за малку понизок од ангелите” - овенчан со слава и чест заради смртното страдање, та по Божјата благодат да ја вкуси смртта за сите.

10. Зашто Му прилегаше Нему, заради Кого е сè и преку Кого е сè, откако приведе многу синови во слава, преку страдањата да Го усоврши Началникот на нивното спасение.

11. Зашто и Оној Кој осветува и оние кои се осветувани, сите се од Еден; затоа не се срами да ги нарече браќа

12. кога вели: „Ќе им го навестам Твоето име на Своите браќа, ќе Те фалам среде собранието,”

13. и пак: „Јас ќе се надевам на Него,” и пак: „Еве јас и моите деца, кои ми ги даде Бог.”

14. Бидејќи пак децата имаат учество во месото и крвта, така и Тој зеде учество во тоа, и со смртта да го уништи оној, кој ја имаше власта над смртта, односно ѓаволот,

15. и да ги избави оние, кои заради стравот од смртта, цел живот беа во ропство.

16. Зашто навистина, Тој не им даде помош на ангелите, туку дава помош на Аврамовото семе.

Прочитајте целосна глава Евреите 2