Стар Завет

Нов Завет

Евреите 13:17-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Бидете им послушни на вашите водачи и покорувајте им се, зашто тие бдеат над вашите души како оние, кои ќе одговараат за тоа; за да го прават тоа со радост, а не со воздишки, зашто тоа не би било полезно за вас.

18. Молете се за нас, зашто сме уверени дека имаме добра совест, и сакаме да се владееме добро во сè.

19. Уште повеќе ве молам да го правите тоа, за да ви бидам поскоро вратен.

20. А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го изведе од мртвите Великиот Пастир на овците, нашиот Господ Исус,

21. да ве усоврши во секое добро за да ја извршувате Неговата волја, вршејќи го во нас она, што е угодно пред Него, преку Исуса Христа, Кому да биде слава во вечни векови. Амин!

22. Ве молам, браќа, да не ви биде тешко да го примите оваа слово на утеха, зашто ви го напишав накратко.

23. Знајте дека нашиот брат Тимотеј е ослободен, ако дојде скоро, со него ќе ве видам.

24. Поздравете ги сите ваши водачи и сите свети. Ве поздравуваат од Италија.

Прочитајте целосна глава Евреите 13