Стар Завет

Нов Завет

Евреите 11:32-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. И што да речам уште? Зашто нема да имам доволно време кога би почнал да раскажувам за Гедеона, Варака, Самсона, Јефтаја, Давида и Самоила, и за пророците,

33. кои преку вера победија царства, извршија правда, добија ветувања, затворија уста на лавови,

34. ја угаснаа огнената сила, ја избегнаа острицата на мечот, немоќни станаа силни; стануваа силни во бој, ги натераа во бегство туѓите војски.

35. Жени примија свои воскреснати мртви, а други беа мачени и не се избавија, за да добијат подобро воскресение.

36. Други доживеаја подигрувања и удари, а покрај тоа и окови и темница.

37. Беа каменувани, со пила резани на две, на искушенија подложувани, умираа од меч, скитаа во овчи кожи и во козји кожи; во оскуднот, во неволји, во лоши постапувања,

38. оние за кои светот не беше достоен: скитаа по пустините, и по горите, и по пештерите, и по земните јами.

39. И сите тие, иако се посведочени преку верата, не го примија ветувањето,

40. зашто Бог предвиде нешто подобро за нас: тие да не дојдат до совршенството без нас.

Прочитајте целосна глава Евреите 11