Стар Завет

Нов Завет

Евреите 11:28-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Преку вера ја прослави Пасхата и изврши попрскување со крв, за да не го допре оној, кој ги сотруваше првородените.

29. Преку вера поминаа преку Црвеното Море како по суво, а Египтјаните - кога се обидоа, се издавија.

30. Преку вера паднаа ерихонските ѕидови, по седумдневното обиколување околу нив.

31. Преку вера блудницата Раава не загина со непокорните, зашто ги прими согледувачите со мир.

32. И што да речам уште? Зашто нема да имам доволно време кога би почнал да раскажувам за Гедеона, Варака, Самсона, Јефтаја, Давида и Самоила, и за пророците,

33. кои преку вера победија царства, извршија правда, добија ветувања, затворија уста на лавови,

34. ја угаснаа огнената сила, ја избегнаа острицата на мечот, немоќни станаа силни; стануваа силни во бој, ги натераа во бегство туѓите војски.

35. Жени примија свои воскреснати мртви, а други беа мачени и не се избавија, за да добијат подобро воскресение.

36. Други доживеаја подигрувања и удари, а покрај тоа и окови и темница.

37. Беа каменувани, со пила резани на две, на искушенија подложувани, умираа од меч, скитаа во овчи кожи и во козји кожи; во оскуднот, во неволји, во лоши постапувања,

38. оние за кои светот не беше достоен: скитаа по пустините, и по горите, и по пештерите, и по земните јами.

39. И сите тие, иако се посведочени преку верата, не го примија ветувањето,

40. зашто Бог предвиде нешто подобро за нас: тие да не дојдат до совршенството без нас.

Прочитајте целосна глава Евреите 11